Да не знае човек за овој „феномен“, а да налета на истиот, низ глава може да му помине сé и сешто, па да фати да бега колку што го држат нозете.
За среќа, иако глетката е неверојатна, а за многумина и „најчудното нешто што го виделе“, зад ова се крие многу просто објаснување.
Видеото е снимено од истражувачи во некоја шума некаде во Sacre-Coeur, Квебек (Канада), а објавено е со зборовите „И шумата дише!“. Но она што го гледаме на снимката нема врска со дишење, туку со нешто сосема друго – ветер.
Имено, кога земјата е влажна, после дожд, губи од својата крутост и станува пофлексибилна. Кога истовремено дува и силен ветер, најизложени се врвовите на високите дрва. Кога дрвата не би имале корења, ветерот лесно би ги откорнал. Вака, нивните корења ги држат цврсто закачени за земјата, па по принцип на лост ја поткреваат почвата кога ветрот ги дува горните делови на стеблата. Корењата можеби и би ја пробиле почвата, да не е комплексната мрежа од мов и друго зеленило која ја чува површината на почвата компактна. Сето тоа резултира со ефект кој прави да изгледа како земјата да диши.
Иако оваа појава ретко се гледа, не е воопшто невообичаена. Еве уште едно видео, од Нова Шкотска, исто Канада.