Интерактивна улична љубовна приказна

Прочитај повеќе...She Loves The Moon е интерактивна љубовна приказна раскажана на улиците на Сан Франциско. За да се прочита треба да се следат стрелките, во зависност од тоа која верзија на приказната ќе се одбере. Според креаторите ова е нов медиум на раскажување преку текстови напишани на улица кои меѓу себе се поврзани со стрелки. Значи за да ја прочитате целата приказна, најпрво одбирате која верзија ќе ја читате, a потоа ги следите стрелките и го барате продолжението на приказната. Околината служи како илустрација на делот од текстот.


She Loves The Moon е интерактивна љубовна приказна раскажана на улиците
на Сан Франциско. За да се прочита треба да се следат стрелките, во
зависност од тоа која верзија на приказната ќе се одбере. Според
креаторите ова е нов медиум на раскажување преку текстови напишани на
улица кои меѓу себе се поврзани со стрелки. Значи за да ја прочитате
целата приказна, најпрво одбирате која верзија ќе ја читате, a потоа ги
следите стрелките и го барате продолжението на приказната. Околината
служи како илустрација на делот од текстот.
 

She Loves The Moon
 

She Loves The Moon е љубовна приказна со два лика која започнува на две различни локации. На крајот патеките на овие два лика (машки и женски, се разбира) се преплетуваат во точката кога двата ликови се среќаваат и од каде нивните патеки се движат заедно. Приказната има два можни краја, среќен и трагичен, и два други потенцијални завршетоци каде приказната ненадејно може да заврши ако оној што ја следи приказната одбере погрешен крај. Да не должиме многу, веруваме дека сте нестрпливи да почнете со читање, па затоа погледнете ја тука.

- Реклама -