Од луѓе како Анил Полат никогаш доста. Тој е инженер по компјутерска безбедност, воедно и блогер, кој знае дека дремењето на аеродром без интернет пристап е ужасно искуство. Затоа создал интерактивна мапа која на корисниците им ги прикажува Wi-Fi пасвордите на мрежите на сите (океј, речиси сите) аеродроми ширум светот.
Користењето не може да биде поедноставно – навигираш на мапата до саканиот аеродром, кликнуваш на икончето и инстантно ја добиваш информацијата за тамошната конекција. Згора на тоа, Полат редовно ја апдејтира мапата, која до сега вклучува 130 аеродроми ширум планетата.
Пред некој да го воочи парадоксот дека „хаха, ти треба интернет за да ја отвориш мапата на интернет“, не е во право. Мапата има и офлајн верзија што можете да ја симнете пред да патувате.
Офлајн верзиите:
WiFox: iOS http://apple.co/2b7BatI
Android: http://bit.ly/2dDeaaN