Претседателот и главен извршен директор на Интел, Пол Отелини вчера на Светскиот конгрес за мобилна телефонија во Барселона, Шпанија, ги објави деталите за плановите и соопштенијата кои се однесуваат на збогатувањето на портфолиото за смарт-телефони, како и еко-системите на потрошувачите, вклучувајќи ги новите стратешки партнерства со Orange*, Lava International Ltd.*, ZTE* и Visa*.
„Ни претставува задоволство што ќе додадеме нови и важни клиенти и способности на нашите понуди за мобилни телефони. Остануваме фокусирани кон пронаоѓање нови, поинтересни карактеристики и неверојатен перформанс за сите корисници на смарт-телефони низ целиот свет,“ изјави Отелини.
Отелини го соопшти ова за време на Интел конференција на Светскиот конгрес за мобилна технологија. Тој исто така ги нагласи плановите на компанијата за проширување на нејзините системи на чип (SoC) за смарт-телефони и насоки за перформансот и вредноста на сегментите на пазарот за смарт-телефони.
Нови ангажмани околу смарт-телефоните
По воспоставувањето стратешки партнерства со Моторола Мобилити* и Леново*, Интел ја објави соработката со Orange, Lava International Ltd. и ZTE.
Ив Маитре, потпретседателот на Мобилна мултимедија и уреди (Mobile Multimedia and Devices) на Orange, му се придружи на Отелини за да зборуваат за дизајнот на новиот смарт-телефон на Orange кој содржи Интел Атом™ процесор Z2460. Со тенок дизајн, овој телефон нуди добра забава, како и сите услуги на Orange: Orange TV, Daily Motion, Deezer, Orange Wednesdays и Orange Gestures. Овој смарт-телефон ќе биде достапен во Обединетото Кралство и Франција кон крајот на ова лето.
Интел ги објави и плановите да навлезе во растечкиот пазар на смарт-телефони во Индија, преку соработката со Lava International Ltd., која е една од најбргу растечките компании за мобилни телефони. Вишал Сехгал, еден од основачите на „Лава“ и член на управниот одбор, ја најави појавата на новиот смарт телефон XOLO by Lava. Овој смарт-телефон XOLO X900 се заснова на првичниот дизајн на Интел и ќе биде првиот смарт-телефон со Интел технологија на индискиот пазар. Телефонот ќе биде достапен во познатите продавници кон крајот на вториот квартал на 2012 година и ќе ги поддржува поголемите Индиски мобилни оператори.
Слично на претходното партнерство со Моторола мобилити, Интел најави повеќе годишна соработка за мобилни уреди, од смарт-телефони до таблети со познатата компанија ZTE. Г-дин Хи Шиоу, извршен потпретседател и претседател на „Terminal“ дивизијата на ZTE, зборуваше како соработката на неговата компанија и Интел ќе им овозможи побргу да напредуваат и да создаваат уникатни производи за безжични оператори. Тој исто така најави дека првата мобилна направа на ZTE со Интел технологија ќе се појави на пазарот во втората половина на 2012 година.
Поставување на нови патокази за смарт-телефоните и комуникацијата
Врз основа на ангажманите околу екосистемите, Интел ги објави плановите за трите нови смарт-телефони SoC производи кои го збогатуваат портфолиото на компанијата во сегментите на перформанс и вредност.
Следејќи го врвниот перформанс и енергетска ефикасност на Интел Атом процесорот Z2460, претходно именуван “Medfield,” Интел најави дека од сега платформата ќе подджува брзини до 2GHz.
Интел исто така го најави Атом Z2580 процесорот кој двојно го зголемува перформансот на Атом процесорот Z2460 и содржи решение LTE/3G/2G. Интел ќе го испроба Z2580 процесорот во втората половина на годината, а производите се закажани за првата половина на 2013 година.
Со оглед на зголемените можности на пазарите каде потрошувачите бараат поголема вредност за пониски цени, Интел ги објави плановите за Интел Атом Z2000 процесор.
Z2000 е наменет за сегментот на пазарот за смарт-телефони, за кој се смета дека може да достигне до 500 милиони единици до 2015 година1. Платформата вклучува 1.0 GHz Атом единица за процесирање која нуди добра графика и видео, како и можност за пристап на Интернет и играње Android* гугл игри. Го поддржува и Интел модемот XMM 6265 3G HSPA+ со Dual-SIM 2G/3G, што овозможува флексибилност за data/voice јавувања со цел да се намалат трошоците. Интел ќе го испроба Z2000 во средината на 2012 година, а производите се закажани за почетокот на 2013 година.
Покрај овие 32-нанометарски најави, Отелини зборуваше како Интел Атом процесорот ќе го надмине Moore’s Law и најави дека Интел ќе испорача 22-нанометарски системи на чип (SoCs) за сертифицирање наредната година, а веќе се работи и на 14-нанометарска SoC технологија.
Во 2011 година, Интел испорачуваше во повеќе од 400 милиони мобилни платформи. Врз основа на оваа позиција на пазарот, Интел го најави XMM 7160, напредна, мултимодална платформа LTE/3G/2G која поддржува 100Mbps downlink и 50Mbps uplink, како и HSPA+ 42Mbps. Интел ќе го испроба производот во вториот квартал, додека дизајните за потрошувачите се закажани за крајот на 2012 година.
Интел најави и дека ја испробува платформата XMM 6360, нов тенок модем 3G HSPA+ кој поддржува 42Mbps downlink и 11.5Mbps uplink.
Подобри искуства со архитектурата на Интел
Стратегијата на Интел е да овозможи пријатно, постојано и сигурно искуство на корисникот со најразличните мобилни уреди.
Се повеќе се користат мобилните уреди за да се обезбеди сигурна онлајн и малопродажна трговија. Отелини го повика Џон Партриџ, претседател на Visa Inc., кој објави стратешка повеќе годишна соработка со Интел, со цел да се изнајдат решенија кои ќе бидат прилагодени според потребите на развиените и земјите во развој.
Соработката подразбира работа на најразлични мобилни услуги на „Виза“ и таблети и смарт-телефони со Интел Атом процесори за да се добијат безбедни и прифатливи услуги. Како прв чекор, Партриџ го претстави дизајнот на Интел како одобрен за Visa payWave* мобилните финансиски трансакции. Ова значи дека производите за потрошувачите кои ќе се засноваат на овој дизајн ќе имаат поддршка за Виза мобилните услуги.
Како соработката со „Гугл“, Интел и понатаму соработува со независни продавачи на софтвер за да се осигура дека повеќето андроид апликации функционираат на уреди со Интел Атом процесор. Отелини зборуваше како Интел ги има сите потребни алатки и знаење да го поддржи екосистемот на развивање мобилни апликации.