Марк Корвен е композитор кој во последно време работи главно на музички скорови за хорор филмови. Смачено му било од истите досадни хорор дигитални семплови и сакал нешто да направи нешто ново и пооригинално. Ги здружил силите со гитарџијата (прави гитари) Тони Дуган Смит, и заедно ја создале „The Apprehension Engine“.
Целта на секој музички инструмент е да произведува звуци што ќе му бидат пријатни на увото на слушателот. Овој обратно – создава звуци што ќе ви бидат максимално непријатни. Што го прави веројатно најморничавиот инструмент на светот.