Зошто, како и кога е добро да пцуете

f739a49ce0fd4423_curse[1]

Во 2013-та, филмскиот хит во кој Мартин Скорзесе со доза на црн хумор зборува за „легалниот криминал“ и хедонизмот – „Волкот од Волстрит“, стана насловот со најмногу кажани „fuck“ пцовки во историјата на холивудскиот филм. Во времетраење од 3 часа, зборчето (и неговите деривати) се искористени повеќе од 500 пати, и тоа во секаква граматичка форма (именка, глагол, придавка), во секакво можно расположение (гнев, возбуда, восхит) и во сечие присуство (пријатели, колеги и соперници).

Ако се водиме по истражувањата, ова не е случајно и не е плод на ограничен речник или на недостаток од имагинација. Всушност, психо-лингвистите сугерираат дека „табу зборовите поефикасно пренесуваат/комуницираат емоционална информација отколку зборовите што не се табу“.

Од друга страна, пцуењето ни овозможува и да го искажеме гневот без да бидеме насилни. Тоа, пак, може да објасни зошто сме подобри во пцуење кога сме нервозни и гневни. По 10-минутно играње на насилна видео-игра, испитаниците биле способни да запишат значително повеќе пцовки отколку кога играле видео-голф, на пример.

Студиите покажуваат дека и дека добриот тајминг на пцовката може да ни помогне да истрпиме болка. На еден експеримент со средношколци, тие издржувале да ја држат раката во мраз дури 40 секунди подолго кога репетитивно пцуеле, отколку кога репетитивно изговарале неутрален збор. Истите пријавиле и дека болката имала помал интензитет кога пцуеле. Сепак, една друга последователна студија покажа дека кај оние што редовно пцујат, ефектот на смалување на болката е помал.

Истражувачите од Нов Зеланд, пак, сугерираат дека пцуењето има и друштвени бенефити. Слободната примена на американскиот пандан на нашето „да тибам“ е имено главната основа врз која фабричките работници од Нов Зеланд успеале да изградат солидарност и да се зближат преку заедничките фрустрации.

o-CURSING-facebook[1]

Студиите велат дека има сличен ефект и во канцелариските средини, каде „досетливата и спонтаната употреба на пцовки“ го поткрева моралот и го намалува стресот кај оние работници од пониските работни позиции.

Повторно, тајмингот е многу битен. Пцуењето може да ви помогне да склопите пријателства со надредените и да ви помогне да напредувате на корпоративната скала, но тоа не важи и за формални состаноци. Во еден експеримент, учесниците го квалифицирале соработникот што пцуел на формални состаноци како некомпетентен.

Без разлика дали е професионално, пцуењето обично знае да биде убедливо. На пример, сведочењата на злосторниците и жртвите се оценети како поуверливи кога биле зачинети со по некој безобразен израз, покажуваат истражувањата. Слично е и во политиката – политичките говори кои содржат по некоја благо-гневна пцовка (замисли го Обама како говори „It’s about damn time“ да се направи ова или она) полесно ги придобиваат благонаклонетите слушатели, бидејќи според нив, пцовката ја демонстрира страста со која политичарот го брани или промовира својот став. Додуша, има обратен ефект кај скептичните слушатели, според кои употребата на едно обично „да му се невиди“ се толкува како груба и непотребна.

Така да, пазете каде и кога пцуете, ама пцујте си, особено кога имате е*ено добра поента.

- Реклама -