Инстаграм ѝ се закани на Мадона поради провокативните фотографии

Ако наскоро не престане да објавува разголени фотографии, Мадона би можела да биде избришана од Инстаграм.

Од сајтот за размена на фотографии велат дека поп иконата ги прекршила правилата кои што забрануваат објавување на „содржини за возрасни“.

madonna26f-1-web

Мадона се приклучи на Инстаграм на 10 февруари и до сега има веќе 152 000 фанови, но ако не ги почитува правилата наскоро „ќе си ги спакува куферите“.

Пејачката на својот профил ја објавила пораката што ја добила од Инстаграм со молба да ги научи правилата на однесување:

Madonna Instagram picture

„Веруваме дека овие насоки ќе помогнат Инстаграм да стане безбедно и забавно место за сите“, пишува во пораката.

312792_madonna02_ff

„Важно е да знаете дека, доколку продолжите да не се придржувате кон нив, ќе бидеме принудени да ви го „исклучиме“ профилот или да ви го забраниме пристапот без предупредување“.

20130224-pictures-madonna-instagram-pictures-18

- Реклама -