Селест Барбер е австралиска комичарка која на многу смешен начин ни покажа колку „селфи“ сликите кои познатите ги објавуваат секојдневно на социјалните мрежи, се навистина бизарни и бесмислени.
Селест објави низа фотографии на кои ги имитира позите на познатите личности, од Ким Кардашијан, Џастин Бибер до Жизел Бундхен.
– Луѓето сето тоа го сфаќаат премногу сериозно, тие се опседнати со познатите, богатите, привилигираните, а сепак тие познати мислат дека се однесуваат нормално. Ким Кардашијан позира на куп прашина, кој тоа го прави во вистинскиот живот?- се запрашува Селест и објаснува што ја инспирирало да направи вакви фотографии.
Таа истакна дека со своите слики не сака да ги омаловажи жените, туку само да покаже колку животите на познатите се разликуваат од нас, „обичните смртници“.
Погледнете дел од нејзините урнебесни пародии: