Како го замислувате совршениот работен простор? Израелската архитектка Ранан Стерн има перфектна визија за тоа како домашната канцеларија треба да изгледа.
Имено, таа успеа да претвори просторија од само 15 метри квадратни, во оригинална работна соба во која има две бироа, 36 фиоки, многу полици, па дури и кревет.
Ова совршено организирано работно студио се наоѓа во Тел Авив, и претставува вистински пример дека со добра идеја и правилен дизајн, и 15 метри квадратни можат да изгледаат пространо и комфорно.