InkPhone – супер смартфон со 2 дисплеи

Телефоните со т.н. e-ink дисплеи се повеќе популарни отколку што си мислите. На почетокот се појави YotaPhone, а сега е закажано претставувањето и на YotaPhone 2 кон крајот на оваа година. За оние на кои овие телефони не им се познати – YotaPhone е уред со dual screen (двоен екран) од коједниот е e-ink дисплеј, а другиот LCD.

Можеби ви делува малку чудно, затоа што ние не сме навикнати на вакви дисплеи, но со сигурност можеме да потврдиме дека постојат голем број на бенефиции и предности од телефоните со e-ink дисплеи, како на пример подолг рок на траење и поголема издржливост на батеријата.

Најновиот телефон со светот на технологијата кој се одликува со e-ink дисплеј се нарекува InkPhone, дело на компанијата Onyx. InkPhone е 4.3 инчен уред, кој нуди голем број на интересни опции. Ако мислите дека неможете да живеете без некои од апликациите и способностите на нашите смартфони кои ги користиме денеска, размислите повторно.

Со само едно полнење на батеријата на InkPhone, добивате 2 недели загарантирана издржливост на батеријата до нејзиното целосно испразнување.

Сепак во однос на другите смартфони, InkPhone има свои ограничувања, бидејќи нема камера ниту пристап до Google Play Store, но доколку сакате подолг период да се задржите на еден телефон, тогаш InkPhone добро ќе ве служи низ годините.

Teкстот е објавен во соработка со Socialnet.mk

- Реклама -