Иницијативата за нов референдум за името денеска пред собраниска комисија

Денеска во Собранието е закажана седницата на која ќе се разгледува иницијативата на движењето „Бојкотирам“, со Тодор Петров (претседател на Светскиот Македонски Конгрес – СМК) како овластен предлагач, за собирање на потписи од најмалку 150.000 граѓани за распишување на нов, задолжителен референдум за името.

Потребата од таков референдум е тоа што владата оди против одлуката на референдумот од 30-ти септември, кој беше неуспешен поради немање цензус. Дополнително, според СМК и „Бојкотирам“, сé уште е важечка одлуката од референдумот во 1991 година – кога беше одлучено името на земјава да биде „Република Македонија“, бидејќи таа може да биде поништена само на задолжителен референдум, сметаат тие.

Како што најави Петров, се бара нов референдум на кој прашањето би гласело „Дали сте за промена на името на државата Македонија во држава Северна Македонија?“, а негативниот одговор би значел дека името не смее да се менува – одлука што би била задолжителна за собранието.

Повеќе детали ТУКА.

- Реклама -