Индијците го доведоа препишувањето на тестови на сосема ново ниво

Мамењето на тестови е постаро и од самите испити, но Индијците го доведоа до невидени размери. Најсвеж пример е оној минатонеделниот, кој се случи во државата Бихар, на истокот на Индија. Новинарските извештаи документираа како родителите и роднините на учениците во 10-то одделение се искачуваат по надворешните ѕидови за да им дошепнат и да им подадат ливчиња за препишување на своите деца, кои во моментот ги полагаа годишните испити. Дури и полициските офицери немо стоеја и ја набљудуваа целата претстава. Како што се вели, добар дел од учениците успеале да прокриумчарат тетратки и учебници, и покрај силното обезбедување на испитните центри.

exam-cheating2-550x412[1]

Ситуацијата е повеќе од лоша, особено во руралните делови на земјата, каде приликите се ретки, а конкуренцијата е застрашувачки голема. Според образовните експерти, мамењето на испитите е само одраз на подлабоките проблеми во едукативниот систем на Индија – отсутни професори, фокус на површно учење на памет и неадекватна училишна инфраструктура. Сепак, сликата на родители што се качуваат по ѕидови и буквално ги ризикуваат животите за да помогнат при испит, ги шокираше дури и самите Индијци.

Преку 1.4 милиони ученици ги полагаа тестовите, а дури 500 беа избркани во инцидентот.

 

- Реклама -