Преку 80 проценти од сите неми филмови се загубени засекогаш. Во времето кога се снимале, никој не го сфатил нивното вистинско значење, па наместо да се чуваат во специјални услови, биле уништувани. Еден од нив е и исклучително значајниот филм „Ќерка на зората“, од кој се спасени десетина минути…
Тоа што го прави овој филм посебен е фактот што е снимен во 1920 година, во времето кога сите улоги биле играни од Белци, а во него глумат исклучиво Индијанци. За потребите на филмот две племиња – Команчи и Кајова, ги отстапиле живеалиштата, облеките, оружјето, но и своите способности. Така, во филмот ќе можете да видите сцена од лов на бафала, снимена со вистински животни и автентични вештини на индијанските воини.
{youtube}pVU3L39cU8s{/youtube}