Индиската нискобуџетна мисија до Марс успешно застана на орбитата околу Црвената планета и исполни „речиси невозможната” ( според зборовите на премиерот Нарендра Мори) цел, ова да биде постигнато од првиот обид, соопштија светските новински агенции.
Марс мисијата, исто така се нарекува Mangalyaan, чини околу 74 милиони долари, или три четвртини од буџетот на филмот „Гравитација”.
„Денес се пишува историјата. Се осмеливме да тргнеме кон непознатото и го остваривме речиси невозможното” – изјави индискиот премиер Нарендра меѓу турбулентните аплаузи во командниот центар на Индиската организација за вселенски истражувања (ИСРО) во Бангалор, кога беше објавено дека леталото успешно застанало на орбита. Тој додаде дека сака да ја прошири 50-годишната вселенска програма на Индија.Со Марс, Индија влезе во елитниот клуб на вселенските агенции со успешни мисии до Црвената планета – по САД, руската и европската. Индија е првата азиска држава која дојде до Марс. Искуство на Кина да ја напушти земјината орбита беше неуспешно во 2011 година, на Јапонија исто пропадна во 1999 година.
„Му честитаме на ИСРО за доаѓањето на Марс” – напиша НАСА на Твитер. Помалку од 50 проценти од 51 меѓународни мисии до Марс се успешни и ниедна друга агенција не може да се пофали со достигнување од прв обид. Индија измина долг пат откако ја истрела првата истражувачка ракета во 1963 година, од рибарско село во Керала.
Вселенската програма на Индија постојано предизвикува критики дека земјата во која живеат една третина од сиромашните во светот, не може да си дозволи вселенски истражувања. Индиските научници истакнуваат во одговор дека технологијата, создадена за вселенските програми, има практични апликации во области како далечинско истражување, контролирање на поплавите, предупредување за циклони, ракетни технологии и материјали за науката.
Земјата има солиден систем за техничко и научно образование, кој што гради милиони софтверски програмери, инженери, лекари.Најважно, индиските врвни вселенски технологии се развиени со помал буџет, а вселенските мисии на земјата се меѓу најевтините во светот. Вселенското летало на НАСА MAVEN (Mars Atmosphere and Volatiles Evolution), кое застана на орбитата пред два дена, чини речиси десет пати повеќе од индиското- 671 милиони долари.