Следната недела во Њу Делхи започнуваат Игрите на Комонвелтот. За време на натпреварувањата, индиската влада ќе изнајми 38 дресирани сиви лангури што ќе патролираат по, и околу стадионите, бркајќи ги помалите примати и другите диви животни кои се постојана опасност во градот.

Лангурите се големи сиви мајмуни со црно лице. За време на Игрите на Комонвелтот што ќе се одржат следната недела во Њу Делхи, овие мајмуни ќе бидат вклучени во безбедносните сили што ќе ги обезбедуваат спортските настани. 38 дресирани мајмуни биле изнајмени од индиската влада, за заштита на посетителите од заскитани диви животни и помали примати кои се постојана закана за жителите на овој град. Лангурите, на ланец, заедно со нивните дресери, ќе патролираат во, и околу стадионите, плашејќи ги несаканите животни.
На прв поглед ова можеби изгледа смешно, но дивите мајмуни во индискиот град се огромен проблем. Истите се шетаат по улиците, влегуваат во згради, болници, канцеларии и создаваат вистински хаос. Пред три години, заменикот градоначалник на главниот град беше убиен, паѓајќи од балкон, при напад од диви мајмуни. Токму затоа, лангурите ќе бидат одличен додаток на безбедносните сили што ќе работат на обезбедувањето на игрите. [India will use monkey security force for Commonwealth Games]