Индиец доби светска „слава“ откако индиските медиуми објавија дека си го иceкол показалецот откако сфатил дека гласал за погрешна политичка партија на тековните парламентарни избори во Индија.
Паван Кумар сакал да гласа за Bahujan Samaj Party (BSP) – голема регионална опозициска партија која заедно со уште две исто така големи регионални партии се бори против владејачката, но наместо тоа Кумар гласал токму за владејачката Bharatiya Janata Party (BJP).
До забуната, како што самиот Кумар раскажува во виралното видео на кое го покажува прстот завиткан во завој, дошло бидејќи се збунил од многуте симболи на машината за гласање.
„Сакав да гласам за слонот, но гласав за цветот по грешка“, влеи тој во видеото. Токму така, симболот на владејачката партија BJP е лотус, а симболот на BSP – партијата фаворит на Кумар, е слон.
Инаку, да, во Индија голем дел од населението е неписмено, па на избори се гласа со заокружување на сликички-симболи. Секоја партија има свој симбол, па така се полесни за идентификување.
„Полесни“, за волја на вистината, можеби и не е правиот збор, со оглед дека на изборите учествуваат повеќе од 450 партии. Ова, и уште неколку други луди бројки околу изборите во Индија, погледнете ТУКА.