Инцидент меѓу Крис Браун и Френк Оушн

chris-brown-and-frank-ocean

Жесток инцидент меѓу двајцата музичари се случил во неделата навечер пред студиото во Лос Анџелес, а причина за тоа било местото за паркинг.

Според кажувањето на очевидците, Крис Браун бил во музичкото студио во Вестлејк, каде преслушувал песни од неколку изведувачи, а кога тргнал да си оди забележал дека Оушн застанал пред колата така што другиот не би можел да се испаркира.

Оушн кој бил во придружба на неговите соработници одбивал да ја премести колата бидејќи сакал да објасни дека тоа е негово студио и негово паркинг место. Наскоро започнала кавга, по која Крис го зграпчил силно Оушн за раката, по што следела реакција од неговите пријатели кои наводно го нападнале Крис удирајќи го по главата.

Оушн на Твитер напишал „извештај“ за инцидентот и додал дека поради повредата на неговиот прст нема да биде во можност да свири на клавијатура на настапот во Германија.

Ова не е прв пат двете ѕвезди да имаат меѓусебни несогласувања.

 

- Реклама -