Имунитетот слабее поради прекумерно внесување на шеќер, а премалку вода

Честите настинки, недостаток на енергија по осум-часовен сон, брзо заморување и несоница се симптоми на слаб имунитет, а состојбата може да ја влошат и три слатки сокови на ден.
Во последниве неколку децении имунитетот кај луѓето постојано слабее, а научниците тврдат дека зголемен ризик од слаб имунитет имаат љубителите на благо, дебелите луѓе и оние кои не пијат доволно течности и кои се хронично под стрес.

Шеќерот е еден од најголемите непријатели на имунитетот, велат нутриционистите и докторите. Ако дневно внесувате 199 грама шеќер (колку што има во три лименки газиран сок), на белите крвни клетки ќе им бидат потребни дури пет часа повеќе за да се изборат со бактериите. Исто така, прекумерната тежина може да предизвика хормонална нерамнотежа, а големиот број на масните клетки предизвикува ослободување на проинфламаторни хемикалии во телото.

Хроничното воспаление може да ги оштети ткивата, што резултира со ослабување на имунолошкиот систем. И неправилниот ритам на спиење ја нарушува работата на одбранбениот систем- дури една непроспиена ноќ го намалува бројот на белите крвни клетки кои ги уништуваат бактериите и вирустите, тврдат британските научници. Телото на луѓето кои во една седмица спиеле само четири дена, произведува половина од антителата кои се борат против грипот, според една студија на Универзитетот во Чикаго.

Освен непроспиените ноќи, имунитетот го слабее и ако не внесувате доволно течности, кои на телото му се потребни за да се ослободи од отровите. Ако урината ви е темна, а не бледа, тоа значи дека не пиете доволно вода и ја отежнувате борбата против настинката и грипот. Подеднакво деструктивно делува и осамениот начин на живот. Сиромашниот социјален живот ја намалува отпорноста од болести, покажало истражувањето на 276 луѓе на возраст од 18 до 55 години.

Ова ви се потребните осум состојки за зајакнување на имунитетот според нутриционистите и докторите:

Прочитајте и:  Четири грешки кои предизвикуваат зголемување на шеќерот во крвта: Многу луѓе не ни сфаќаат дека ги прават

1. Аминокиселини- пилешко, мисирка, јајца, јогурт, грав и мешункасти плодови се богати со аминокиселини кои се важни за зајакнување на имунолошкиот систем. Нивната подготовка со ралзични зачини како босилек, куркума и ѓумбир имаат уште посилен ефект.

2. Лук– се смета за природен антибиотик, бидејќи тој е еден од најдобрите природни борци против бактериски и вирусни инфекции (има способност да го стимулира имунолошкиот систем и поттикне активност на макрофагите, кои се борат против вируси, бактерии и габи). Исто така, ги штити и белите дробови.

3. Ѓумбир– традиционално се користи за лечење на настинка и грип, бидејќи ја зголемува способноста на имунолошкиот систем во борбата против инфекциите. Тој може да се изренда и подготви со месо, да се стави во супа или чорба, или да се подготви како топол напиток со мед.

4. Чај од листови од маслинки- олеуропеин, најактивното соединение на маслиновите лисја, имаат антивирусно и антибактериско делување. Помагаат кај грпот, настинки и уринарни болести.

5. Оригано– маслото добиено од листовите на оригано содржат медицинска состојка карвакрол, која има неверојатни антибактериски својства.

6. Свежо овошје– исклучително е важно да се јаде овошје како што е грејфрутот, јаболката, кивите, портокалите, калинки и лимонот. Слаткото треба да се избегнува, а најдобро е да се јадат суви смокви, аронија и ореви.

7. Супа– супа од морков и целер со лук, рендан ѓумбир и додајте мајчина душица, жалфија и куркума, и добивате супа која го зајакнува имунолошкиот систем.

8. Рен и црна ротквица- припаѓаат на групата на лути растенија за зголемување на имунитетот бидејќи содржат големи количини на витамин Ц. Се препорачува да се конзумираат 2-4 изрендани рена пред јадење, а можете да ги подготвите на различни начини со храната.

- Реклама -