Импресивни рачно-направени скулптури од керамика и „челик“

Тешко е да се каже што е поимпресивно во колекцијата скулптури – Liquid Solids, на Џонсон Цанг. Дали самите технички способности за креирање на толку реалистични детали, воодушевувачкиот флуиден континуитет помеѓу деловите или моќната порака зад нив?

Во една од неговите скулптури, на пример, гледаме пиштол што се топи, и како што растопениот метал тече, го формира лицето на Буда. Ова ни сугерира дека моќта да се спречи насилството и да завладее мир на Земјата е во наши раце.

3-Johnson-Tsang-600x799 4-Johnson-Tsang-600x799

Човечките лица, формирани од цветни ливчиња или пак истекувачки флуиди, се чести во делата на Цанг. Секое од делата изгледа многу кршливо, но всушност е скулптурирано толку перфектно што е и повеќе од стабилно и цврсто.

Уште поимпресионирачко е што Цанг ги изработува овие дела потполно рачно. Уживајте во следниве неколку примероци од неговата работа, а потоа ви предлагаме да го посетите неговиот блог, на кој можете да најдете „чекор-по-чекор“ фотографии од процесот на изработка.

5-Johnson-Tsang-600x896 6-Johnson-Tsang-600x414 7-Johnson-Tsang-600x450 8-Johnson-Tsang-600x758 10-Johnson-Tsang-600x398 13-Johnson-Tsang-600x398 14-Johnson-Tsang-600x398 15-Johnson-Tsang-600x398 16-Johnson-Tsang-600x903 17-Johnson-Tsang-600x903 18-Johnson-Tsang-600x398 21-Johnson-Tsang 22-Johnson-Tsang Johnson-Tsang-600x903

 

- Реклама -