Секси суперхеројот од филмското платно повеќе не е соло!
Крис Еванс, односно секси суперхеројот Капетан Америка кој го ограше на филмското платно, повеќе не е слободен! Како што дознава US Weekly, актерот од неодамна е во врска со колешката актерката Лили Колинс.
Извор за US Weekly открил дека парот прв пат се сретнал на Vanity Fair забавата по доделувањето на Оскарите минатиот месец. Еванс изгледаше фантастично во темносиното Гучи одело, а убавата Лили, инаку ќерка на славниот Фил Колинс, се појави со нова pixie фризура во гламурозниот фустан на Зухаир Мурад.
Друг извор открил дека новопечениот холивудски пар навистина ужива.
„Сега се на самиот почеток, но убаво им е заедно и многу се забавуваат“.
33-годишниот актер претходно беше во врска со актерката Џесика Бел и Минка Кели, а неговата нова девојка била во кратка врска со Зак Ефрон и Тејлор Лаунтер.