Германскиот фотограф Kilian Schönberger троши многу време во шумите и планините низ Европа за да пронајде фасцинантни пејзажи, кои би можеле да послужат како инспирација на познатите браќа за создавање на нивните дела.
Оваа серија на фотографии Schönberger е наречена „Татковината на браќата Грим”.
Фотографиите се налик имагинарната вистинска локација, заживеана во денешно време, и потсетуваат дека германскиот фолклор може да причини морници не само кај децата, туку и кај возрасните.
Само остатоците од маглата и темнината линија на дрвјата се доволни, за да ве однесат назад во времето и да ве потсетат зошто Јаков и Вилијам Грим освоија слава за најдобри детски писатели.
Дури и не се сомневаме дека тука некаде талкаат Хансел и Гретел.