Имагинариумот на Др. Парнасус (видео)

imaginariumНајновиот филм од опусот на Тери Гилијам (режисерот на Страв и параноја во Лас Вегас, 12 мајмуни, Монти пајтон и светиот грал) не води во свет во кој се истражуваат границите на човечката фантазија и цената која се плаќа за остварување на соништата.


Најновиот филм од опусот на Тери Гилијам (режисерот на Страв и параноја во Лас Вегас, 12 мајмуни, Монти пајтон и светиот грал) не води во свет во кој се истражуваат границите на човечката фантазија и цената која се плаќа за остварување на соништата.

Дејствиете се случува во модерниот Лондон каде патувачкиот театар на докторот Парнасус на љубопитните им пружи прилика, поминувајќи низ огледалото, да влезат во светот на својата фантазија. Посетителите не знаат дека доктор Парнасус, некогаш одамна, склопил договор со ѓаволот. Докторот така се здобил со младост, а ѓаволот со правото да ја добие неговата ќерка кога таа ќе наполни 16 години. Тој момент се наближува и доктор Пранасус склопува уште еден договор со ѓаволот – Валентина ќе ја добие оној кој ќе успее прв да заведе пет души. Доктор Парнасус ја ветува раката на Валентина на младичот кој ќе се согласи да му помогне во оваа трка со времето, впуштајќи се во прекрасни и експлозивни авантури во светот надвор од реалноста за да ги поправи грешките од минатото.

Приказната за тоа како настана филмот е исто така незаборавна како и филмската приказна. Изненадната смрт на главниот актер, Хит Леџер (познат по улогите во Бетмен: Мрачниот витез и Планината Броукбек), после нешто помалку од половина од снимањето, за малку ќе го натераше Гилијам да прекине со снимањето. Тројцата пријатели на Леџер: Џони Деп, Колин Фарел и Џуд Ло, се согласија да ја преземат улогата на Леџер со цел филмот да биде завршен. Тери Гилијам направи мали промени во сценариото, додавајќи во приказната нов елемент – на оние кои ќе поминат низ огледалото да им се сменува ликот, и така снимањето беше продолжено. Во знак на почитување на нивниот мртов пријател, Џони Деп, Колин Фарел и Џуд Ло се одрекоа од хонорарот во корист на малолетната ќерка на Леџер која по грешка беше изоставена од тестаментот, а Тери Гилијам филмот го претстави како „филм на Хит Леџер и на пријателите.“

{youtube}OFxqw0jbC2Y&feature{/youtube}
- Реклама -