Има само шест години, а веќе соборува светски рекорди!

Шестгодишниот Гаган Сатиш од Индија успеал на ролшули да се протне под 39 паркирани автомобили, со што поставил нов светски рекорд во оваа необична категорија.497118_gagan-satis08-foto-profimedia-rs_origh

Тој секојдневно вежба за да го усоврши својот талент, а може да се спушти и на само 10 центиметри над тлото. Момчето е до толку многу талентирано, што успеало да стане вистински хит во својот град, и да инспирира уште многу млади момчиња да го прават истото.

497120_gagan-satis10-foto-profimedia-rs_origh

Сатиш воедно изјавил дека со ова започнал да се занимава од неговата трета година, а следна цел му е да помине под 100 автомобили, па дури и еден ден да отиде и на Олимпијада.

497101_gagan-satis02-foto-profimedia-rs_f

Неговата мајка, Хема Сатиш (28) открила дека иако Гаган се повредил неколку пати до сега, сепак тоа не го обесхрабрило.

497100_gagan-satis01-foto-profimedia-rs_f

„Пред неколку месеци го одра лицето бидејќи се спушти премногу близу до бетонот. Иако крвареше, тој продолжи да вози се до крајот на патот“.

497104_gagan-satis05-foto-profimedia-rs_f 497117_gagan-satis07-foto-profimedia-rs_origh 497121_gagan-satis11-foto-profimedia-rs_ig  497103_gagan-satis04-foto-profimedia-rs_f

- Реклама -