Денеска или си богат или си на работ на сиромаштијата. Во минатото не било така. Каде исчезна средната класа во Македонија?
Како одат годините напред, дојде до нагло осиромашување на голем број граѓани, и спротивно нагло згобатување од друга страна. Ова го покажува голем број на податоци.
Денеска едно е јасно дека е огромна разликата помеѓу богатите и сиромашните во Македонија. Ги нема оние кои беа измеѓу, оние кои беа средна класа.
Кои беа од средната класа?
Тоа се оние луѓе кои немаат некои потешкотии за егзистнцијата. Не живеат под кирија, имаат свој сопствен дом, во кој ништо не недостасува. Сметките ги плаќаат месец за месец. Не им заостануваат. Имаат автомобил, секоја година по еднаш можат да си дозволат да отидат на летување и зимување. Ги школуваат децата на државните универзитети без да се задолжат на државата и во банките. Работат за некоја пристојна плата. Не се сопственици на некоја фирма, немаат капитал на страна, но едноставно имаат еден пристоен живот.
Се поставува ли прашањето ги има ли тие семејства денеска?
Општ впечаток и на населението и на експертите е дека средната класа во земјава исчезнува, и дека се повеќе се продлабочува јазот меѓу богатите и сиромашните.
Средната класа ја сочинуваат вработените кои земаат плата од буџетската каса, односно администрацијата, вработените во образование, здравството, пензионерите, сопствениците на мали и средни бизниси. Но, дел од припадниците на таа средна класа, која негогаш можела убаво да живее со своите плати, а сега платата им ги покрива основните трошоци.
-Работиме и јас и сопругата. Имаме од месец за месец само. Не остануваат пари за на страна. Ако во случај имам некој трошок плус тогаш главиме. Одиме во минус, а потоа истиот не можеме да го вратиме со месеци, вели Гоце.
-Имам дома студент. Секој септември земам кредит, и покрај тоа што и двајцата со сопругата работиме. Тешко е. И јас сум бил студент пред многу години и тоа со една плата во куќата. Не било вака, раскажува Милан.
-Се живее ли со 200 евра? Која срена класа. Ние сме сиромашни. Имаме само за сметки да платиме, а за натаму да сме живи и здрави…
Пари за одмор, облека, нова кола, мал луксуз, речиси и да нема. Па затоа тука се кредитите.
Според пресметките, на едно четиричлено семејство, за да го преживее месецот, му се потребни 30.000 денари и тоа без луксузирање, само за преживување.
Но, за жал, платата недоволна за просечната потрошувачката кошничка.
Експертите велат дека исчезнувањето на средната класа не е судбина, тоа е состојба што може да се контролира.
Но, промената на демографската структура на населението, нема само во Македонија, туку во целиот свет. Средната класа се „топи“ во САД, во Германија.