Среќата се крие во малите нешта и овие илустрации го докажуваат тоа.
Веќе ве имаме запознаено со Нидхи Чанани – индиска сликарка и музичарка, која живее во САД. Кога започнала да се занимава со цртање, таа воопшто и не ни сонувала за некаква голема кариера на илустраторка. Нејзината единствена цел била нејзините дела да им носат радост на луѓето.
Чанани сонувала да ги натера сите да започнат да ги разликуваат малите радости во бурните и напорни животи. Само на тој начин ќе можеме навистина да уживаме во нив.
Во своите илустрации Нидхи покажува дека без разлика дали сме сами или не, среќата ни е на дофат, фали само да ја согледаме…