Илон Маск се тестирал за ковид четири пати во еден ден, резултатите 50-50%

„Нешто екстремно лажно се случува“, пишува на Твитер главниот извршен директор на Tesla – Илон Маск, доведувајќи ја во прашање прецизноста на ковид-тестовите, во конкретниот случај на брзите антигенски тестови на Becton Dickinson and Co’s BDX.N:

„Се тестирав за ковид 4 пати денеска. Два теста се покажаа негативни, два позитивни. Иста машина, ист тест, иста сестра. Рапидни (брзи) антигенски тестови од BD“, соопшти Маск.

Прашан дали имал некакви симптоми, Маск одговори дека имал знаци на „типична настинка“ и „ништо необично досега“.

Како што пренесува Ројтерс, компанијата Becton Dickinson – која е еден од најголемите снабдувачи со Ковид-19 антигенски тестови, во септември соопшти дека истражува пријави од старечки домови во САД за лажно позитивни резултати од тестовите, како последица на опремата за тестирање. Порано месецов, американската Агенција за храна и лекови (FDA) соопшти дека ги предупредила клиничките лаборатории и здравствените работници дека антигенските тестови можат да покажат лажно позитивни резултати.

Прочитајте и:  Спејсикс го лансираше шестиот пробен лет на Старшип од Тексас во присуство на Трамп

Во меѓувреме, Маск соопшти дека очекува резултати и од тестови на база на полимеразна ланчена реакција – односно познатите ПЦР тестови. Малку подоцна, на Твитер се огласи со ново прашање:

„Која е прецизноста на Sars-CoV-2 PCR тестовите кај генералната популација (без да се знаат симптоми) и дали е можно да се генерира лажно позитивен резултат ако едноставно спроведете доволно циклуси?“

 

Маск, уште од минатата година, беше критикуван за потценување на опасноста од вирусот, особено откако јавно ги критикуваше рестрикциите и целосните локдауни против ширење на вирусот, оценувајќи ги како „фашистички“ и „нарушување на индивидуалните слободи“.

- Реклама -