Откако цел ден главна вест е тоа што Илма не се појави на концертот на Кики Лесендриќ, иако беше најавена како специјална гостинка, 13 годишното талентирано девојче пиша свој коментар на нејзината Фејсбук страна.
– Не е вистина дека го „одбив“ Кики за да гостувам на неговиот концерт. Едноставно не бев во можност да присуствувам на истиот. Чудни вести, чудни таблоиди, се и сешто се пишува, напиша Илма Карахмет на Фејсбук.