Facebook додаде икона за истополови двојки

Facebook воведе нова опција во Timeline која им овозможува на истополовите двојки да ја искажат својата посветеност со икона која се одразува на нивната врска наместо стандардната икона со невеста и младоженец.

Иконата првпат била забележана во текот на викендот кога ко-основачот на Facebook Крис Хјуз се венчаше со својот партнер Шон Елдриџ. Икона со двајца младоженци се појави на профилот на Хјуз за да ја објави неговата нова брачна состојба.

Претседателот на Facebook Марк Зукерберг бил еден од 1800 корисници на кои им се допаднала веста. Ова не е првпат Facebook да ги подржи истополовите двојки. Во февруари 2011 година компанијата воведе две опции за врски за лицата од LGBT заедницата – „Во домашно партнерство“ и „Во граѓански сојуз“.

Дополнително Facebook работи заедно со GLAAD (Gay and Lesbian Alliance Against Defamation) да го спречи малтретирањето кое повремено се случува на сајтот. Компанијата ласирала и Network of Support панел во соработка со A Thin Line кампањата на MTV за справување со проблемите на LGBT заедницата и лансирала и Stop Bullying: Speak Up кампања заедно со Time Warner.

„По додавањето на домашно партнерство и граѓански сојуз како опции за профилот, овие нови икони за брак се уште еден важен начин за легитимизирење на истополовите двојки“ изјавила Алисон Палмер, претседател на кампањи и програмирање на GLAAD. „Овој подвиг е најновиот од серија чекори кои Facebook ги направи за подршка на LGBT заедницата, поради што стана првата социјална мрежа која доби GLAAD Media Award.“

- Реклама -