Природата полека но сигурно се буди по долгата и студена зима, што значи дека е време за бучни средби со пријателите на свеж воздух.
Ако правите прво-мајски пикник и веќе ви е здодеано од играње карти и фризби, еве ви неколку предлози за друштвено освежување.
Ви посакуваме пријатна забава
Водени лудории 🙂
Со пиштоли на вода движиме пластични чаши. Кој ќе биде најбрзиот?
Балони со вода
Подавајте си балони, ама претходно наполнете ги со вода. Ве очекува многу смеење.
Скала со поени
Имате скала со поени и мавате пет пати со топка. Поентата е да освоите најмногу поени, а далечината ја одредувате вие.
Фаќање на монистри
Полните базен со студена вода. Кој ќе фати со ногата најмногу топчиња за една минута?
Твистер на тревникот
Кој вели дека не можете да импровизирате?
Зборови
Напишете ја азбуката на картони и потоа, натпреварувајте се, во составување на зборови. Направете повеќе картони со самогласките, или ако ви звучи комплицирано, земете табла и играјте бесилка.
Трки со бебиња
Ако имате деца, не мора да се досадувате. Искористете ги за една ваква игра 😉