Новата песна на Игор Митровиќ ќе биде пуштена на дури 5.000 радио станици во повеќе од 130 земји во светот.Игор наголемо се подготвува да направи светска кариера, а дека тоа е така говори неговиот најнов хит „The summer’s not over“, чиј комплетен автор е Александар Масевски (музика, текст, аранжман и продукција).
Имено, дистрибутерски сервис и радио „Radio Express” решиле да го промовираат нашиот пејач, од причина што ја слушнале песната и предвидуваат дека истата има претензии да стане мега хит.
Песната ќе се најде на многубројни компилациски CD-a, каде што Игор ќе се најде на исто CD со Beyonce, Katy Parry, Chris Brown, Rihanna и уште многу други светски познати имиња.
Инаку името под кое Игор ќе го освојува светот е Дони Пиксел.
Му посакуваме голем успех!