Идните автомобили на Toyota ќе ги препознаваат нашите емоции

Непосредно пред почетокот на Tokyo Motor Show ни беа претставени деталите за концептниот и уникатен автомобил Тоyota FV2. Предметниот модел претставува хибрид помеѓу класичен автомобил и мотор , кој се одликува со футуристичка визија и е управуван од три тркала. FV2 ќе биде во можност да ги снима и бележи емоциите на потрошувачите, а исто така и да ги препознава лицата на сопствениците со што Toyota се надева дека е иновација која ќе го промени целосно начинот на кој комуницираме со возилата. Во централната конзола е ставен голем дисплеј кој функционира на допир, дисплеј кој ќе ја менува бојата во зависност од нашето расположение.

Панелот ќе обезбеди и дополнителни информации за сообраќајот во реално време, временските услови, GPS навигацијата и др . Хибридот ќе има пристап до историјата на секој возач, кој го управува, за да биде уште повеќе корисен за нив при патувањето. Toyota сподели и дека FV2 ќе биде базиран на сосема нова технологија за управување на воланот која ќе ни овозможи со движењето на телото да забрзуваме во различни насоки.

Teкстот е објавен во соработка со Socialnet.mk

- Реклама -