Повеќето паметни телефон имаат само еден екран допир и тој е лоциран во предниот дел на уредот. Неодамна, Apple добија одобрение за патент на иден мобилен уред кој ќе има екран и од двете тенки страни на уредот.
Патентот го носи името „Електронски уреди со странични дисплеи ” и го опишува методот на кој флексибилните дисплеи , вклучувајќи и такви со органски диоди ќе можат да се поставуваат на двете тенки страни на телефон или таблетот, создавајќи еден поголем екран.
Според патентот, страничните екрани ќе овозможуваат напредна употреба на мобилниот софтвер. На пример, таму можат да бидат распоредени дополнителни копчиња , така што на тој начин на основниот преден екран ќе остане повеќе место резервирано за други активности.
Од Apple сметаат дека предметниот дизајн ќе може да се користи и за други уреди, како што се лаптопите и таблетите, паметните часовници, плеерите и сл.
Достигнувањата во областа на флексибилните екрани и технологијата како OLED овозможуваат на производителите на хардвер да создадат флексибилни екрани така што да заземат одреден облик.Сеуште екраните се само малку криви – како оние на Galaxy Round или G Flex – но многу аналитичари веруваат дека не сме далеку од времето кога ќе можеме слободно да ги виткаме нашите мобилни гаџети.
Текстот е објавен во соработка со Socialnet.mk