Иднината сместена во новиот телефон на Mozilla (видео)

seabird_1Зa момент замислете си го вашиот совршен мобилен телефон од иднината. Тоа е најверојатно новиот концепт на дизајнерот Били Меј, кој служи како портал кон иднината и технологијата која ќе ја користиме во годините што доаѓаат.


Зa момент замислете си го вашиот совршен мобилен телефон од иднината. Тоа е најверојатно новиот концепт на дизајнерот Били Меј, кој служи како портал кон иднината и технологијата која ќе ја користиме во годините што доаѓаат.

mozilla-seabird-1
Во работата на “Open Web Concept Phone” проектот на Mozilla, собирајќи ги импресиите и желбите од корисниците и експертите за мобилни телефони, Били Меј ни ја претставува неговата (и нашата) визија за иднината преку убавицата наречена Mozilla Seabird. Да почнеме од замислата дека ќе можете да ја полните батеријата безжично. Оваа направа има двојни пико проектори чија функција зависи од ориентацијата, кои рефлектираат QWERTY тастатура од едната и екран од другата страна во вид на холограм. Од задната страна излегува мал wireless/bluetooth поинтер што може да служи како глушец или како слушалка.

Подолу можете да го погледнете видеото за Mozilla Seabird. Имајте на ум дека ова се само концептуални идеи направени во 3д рендер и дека Mozilla сеуште нема планови да изгради волку напредна направа. Сепак, останува да се надеваме и да си замислуваме ваква иднина.

{youtube}oG3tLxEQEdg{/youtube}
[mozillalabs.com]

- Реклама -