Менувањето на гардеробата за време на настап во живо мора да се одвива инстантно и френетично брзо. Тоа ја ограничува шминката и облеката.
Но, за еден од перформансите на јапонското денс дуо AyaBambi, беше користен high-speed проектор за следење на лицето, што создаде илузија дека им се менува изгледот додека настапуваат, создавајќи впечаток дека постојано и инстантно брзо ставаат маски на лицата.
Зад целата проекција стои студиото WOW, предводено од Нобумичи Асаи. Користат проектор со 1000 фрејмови во секунда, таканаречен Dyna-Flash, дизајниран од Ишикава Ватанабе лабораторијата во Токио.
Малите светлечки точки закачени на лицата на настапувачите овозможува фацијалните изрази да бидат следени во реално време, за проекторот комплетно да се совпаѓа со нивните движења и изрази. На сензорите им требаат само неколку милисекунди за да ги процесираат тие движења и потоа да ја дисторзираат и изобличат проектираната слика за да одговара на површината. Таа брзина е доволна за да ги скрие паузите од човечкото око.
Така што, во иднина очекувајте, ако ништо друго, изведувачите да настапуваат во проектирана гардероба.
PS. Го Забележавте моментот на 1:22?
PPS. Можно е цело време очите да им се затворени.