Иднината на безбедноста на смартфоните

Модерните смартфони обично нудат некаква заштитна опција за пристап до вашиот телефон. iPhone има 4-цифрен пин, Android-ите имаат лизгачка шема, Windows Phone има нумерички или текст-базиран пасворд. Ваквите заштити се релативно добри, но се премногу подложни на хакирање. Затоа компаниите се насочуваат кон нови технологии. Подмолни и опасни технологии.

Проблем:

Голем процент од корисниците одбираат помеѓу неколку лесно-запомливи пасворди. 4-цифрениот пин има околу 10000 варијанти, но околу 20% од времето, луѓето ги користат најчестите употребувани пасворди. Ако лицето што сака да „провали“ во вашиот телефон знае барем нешто за вас – вашиот роденден, датумот на вашата венчавка или вашата адреса – шансите се зголемуваат да го погоди вашиот пин. А во отсуство на било каква информација за идентитетот на сопственикот, пасвордот е последна заштитна брана.

url

Биометрика: Дали е тоа вистинското решение?

Биометриката се однесува на праксата да се идентификува некој според неговите физички карактеристики, наместо според алфанумерички клуч. Најпознатиот метод е користењето на отпечатоци, но биометриката опфаќа и други идеи, како анализата на нечиј од или детектирањето на неговиот карактеристичен мирис. Некои од нив звучат добро како безбедносни мерки за вашиот смартфон, но некои, баш и не – замислете да го доближувате смартфонот до вашите пазуви секој пат кога сакате да го отклучите.

Отпечатоци од прсти: Постојат неколку методи на скенирање отпечатоци: оптичко – во суштина, со дигитална камера; капацитетно скенирање – што ги мери интервалите помеѓу електричните стимулации во ридовите и долините на вашиот отпечаток; и 3Д скенирање – дигитално мапирање на вашиот прст. Капацитетното скенирање изгледа како најповолно за смартфоните. Компанијата AuthenTec, заедно со Toshiba, направија напори да ја имплементираат оваа технологија за Android-от Regza T-01D. И не случајно, AuthenTec беше купен од Apple пред една година.
Но, дури и Apple да се обрати кон овој метод, квалитетот на отпечатоците деградира со тек на времето, поради голема употреба на прстите или наталожување на кожа. Од друга страна, останува можноста телефонот да биде прелажан.

Софтвер за препознавање лица: Ваквата опција веќе постои! Од Android 4.0, во 2011, можете да ја користите да го отклучите вашиот телефон. iPhone ја нема вградено истата, но можете да симнете апликација многу лесно. Иако се чини згодна (не бара екстра хардвер – доволна е камерата; кога ќе го уклучите телефонот веќе сте подготвени за скенирање), постојат проблеми поврзани со оваа технологија, како сигурносни, така и технички. Софтверот може да биде излажан од добро подготвена фотографија, од друга страна, што ако, теоретски, сте во темница? Што ако се расипе или скрши камерата? Што ако има заслепувачко светло?
Можеби токму поради овие причини, системот не се покажа најдобро кај Android-ите, па можеме да се надеваме дека и Apple ќе сака да ги избегне неволјите и да се откаже од имплементирање на оваа технологија.

FaceFirst_FacialRecognition

Скенирање на ретината: Стигнуваме до забавниот дел – технологиите што сеуште не постојат. Ретината е тенок слој од ткиво на задниот дел од окото, што служи како филмот во камерата. Крвните садови што ја хранат се конфигурирани во комплексна мрежа, а токму таа конфигурација е уникатна кај секое лице.
Ретиналниот скен упатува ниско-енергентен сноп од инфрацрвено светло во окото. Крвните садови не рефлектираат иста количина светло како околното ткиво, па ако направите слика на инфрацрвената рефлексија, ќе добиете уникатна мапа на ретината. Методот е многу прецизен, речиси невозможен да се излаже и доставува резултати веднаш. Недостатокот? Некои болести, како глаукома, астигматизам и катаракта, можат да ја изменат шемата на крвните садови. Сепак, вистинскиот проблем е што инфрацрвениот сноп е инвазивен  и непријатен за окото, а да се подложите на скенирање секој пат кога ќе сакате да проверите и-меил, не е баш забавно.
Утешно е што, за сега, за ова е потребен дополнителен хардвер, што е далеку од доволно мал за да може да биде вграден во смартфон.

Скенирање на зеницата: Зеницата на окото е уште еден уникатен дел кај секој човек и со мали шанси да се промени со текот на времето. Лесно е да се скенира, технологијата постои и нема да биде тешко да се имплементира. Но, скенирањето може да биде измамено – со слика! Сепак, да се направи HD слика на зеницата на нечие око е малку потешко, па не е чудно ако компаниите се наслонат кон овој метод. Останува фактот дека е далеку од невозможно софтверот да се хакира.
Можеби Apple ќе го избегне методот, бидејќи не е баш лесно да се насочи скенерот кон вашата зеница, ако не можете да го видите екранот на телефонот. Сепак, технологијата е тука, па нема да биде отфрлен така лесно.

eyescan

Електрокардиограм: Според компанијата Bionym, отчукувањата на нашето срце се исто така уникатни како нашите зеници или отпечатоци. Многу скоро, компанијата ја претстави својата Nymi алка, што го чита пулсот преку зглобот и преку Bluetooth го отклучува телефонот.
Ветувачка технологија – речиси невозможно да се излаже, троши малку енергија и лесна за имплементирање. Лошата страна? Ќе треба малку, всушност, малку повеќе време отколку што преферирате за всушност да го измерите пулсот и вклучува носење нараквица, што многу луѓе не би сакале да ја носат.

Каде води сето ова?

Сигурно е дека биометриката се доближува до смартфоните. Ако не во оваа, во следната генерација некој ќе дојде до идеја како да ја имплементира на разумен начин. Но, прашање е како ќе биде прифатена од корисниците, дури и да ја подобрува сигурноста на вашиот телефон. Проблемот е во тоа што, компаниите чии услуги ќе ги користите преку телефонот, ќе ги имаат овие уникатни информации за вас, а тоа значи дека и владите многу лесно можат да ги добијат. Така, ако владата добие пристап до нив, ќе можат да ги поврзат вашите отпечатоци, пулс, зеница и ретина со вашата и-меил адреса, вашиот Твитер акаунт, Фејсбук, Youtube и сите други сервиси што ги користите. Ќе биде многу лесно да се креираат огромна датабаза со вашиот приватен и дигитален живот. А тоа и не е така наивен проблем.

Заклучок:

Дали биометриката е добар начин да го осигурате вашиот смартфон? Да, ако сакате да ги држите луѓето што се во допир со вашиот телефон подалеку од вашите информации. Но, тоа не е начинот на кој најголем дел од хакирањето се прави денес. Биометриката, дури и случајно, може да ве направи многу поподложни на хакерски напади, со самиот факт што ќе го направи вашиот физички телефон посигурен. Од друга страна, дали тоа е цената што би ја платиле? Дали би дозволиле некој непознат, да го знае речиси секој ваш чекор и речиси се за вас?

- Реклама -