Овој прекрасен стан, се наоѓа во градот Арад во Романија, а за неговиот ентериер во целост се погрижила неговата сопственичка, Кристина Бордои.
Водејќи се од намерата да креира дом кој ќе ја потсетува на прекрасното чувство кое го има кога вози велосипед низ природа, таа го креирала ова прекрасно хармонично катче во кое секој елемент се наоѓа на правилното место. Иако можеби навидум изгледа како пространо место за живеење, сепак, апартманот е составен од скромни 40 метри квадратни, кои благодарение на одлично ускладениот ентериер, нудат комфорт и удобност.
Нурнете во овој хармоничен и супер-функционален стан.