ИДФ ги ажурира бројките на загинати и ранети израелски војници од почетокот на операцијата во Газа

Израелските одбранбени сили (ИДФ) денеска објавија дека од 7 октомври досега се убиени 425 израелски војници, а 1.593 се ранети, според новоотворената веб-страница која го ажурира бројот на загинати и ранети војници за време на војната со Хамас.

Од 1.593 ранети, 255 се тешко ранети, 446 со полесни повреди, а 892 се полесно ранети, објави Тајмс оф Израел.

За време на копнената офанзива во Газа, која беше започната на крајот на октомври, загинаа 97 војници, а 559 беа ранети.

- Реклама -