Идентификацијата заврши: Најмалку третина од жртвите во Ница се муслимани

nica

Според париското обвинителство, денеска е завршена идентификацијата на сите 84 убиени лица во нападот во Ница, за кој одговорност презеде Исламска Држава.

Локалниот Сојуз на муслиманите во Алп Маритим соопшти дека најмалку 30 отсто од луѓето убиени во терористичкиот напад – биле муслимани.

Тоа го потврдува и изјавата на портпаролката на Сојузот, која рече дека за барем една третина од жртвите во толпата се организирани муслимански погреби, пренесува Newyork Times.

Идентификацијата на телата на жртвите покажа и дека од 84 загинати – 38 се странски државјани, соопшти денеска француското Министерство за надворешни работи.

Жртвите на терористичкиот напад потекнуваат од 19 држави – Алжир, Германија, Ерменија, Белгија, Бразил, Естонија, САД, Грузија, Италија, Казахстан, Унгарија, Мароко, Полска, Романија, Русија, Швајцарија, Тунис, Турција и Украина.

Бројот на ранетите во нападот се искачи на 308.

- Реклама -