Откако телевизорите станаа премногу тенки за да можете да ги ставите на нив миленцата сплетени од вашите баби, ние ви нудиме неколку интерессни идеи за тоа како на модерен начин да го претворите нивниот труд во практичен детаљ за вашиот дом. Имено, од истите можете да направите лустери, облеки и најаразлични декорации со кои ќе ги разубавите веќе постоечките предмети. Во галеријата подолу ви нудиме бројни интересни идеи за тоа како да ги примените старите миленца во денешниот модерен дом.