Лидерот на ПЦЕР (Партијата за целосна еманципација на Ромите) – Самка Ибраимоски, очекува Ромите на пописот да бидат 7% од вкупното население. Доколку процентот е помал, Ибраимоски најави дека нема целосно да го признаат пописот.
Според него, во државата има околу 100 до 120 илјади Роми.
„Јас и минатиот попис не го признав, така и сега; ако биде процентот ист нормално дека нема да го прифатам 100 процентно, бидејќи ние ја знаеме бројката на Ромите во Северна Македонија и сѐ што ќе биде под овој сегашен процент ќе биде негативно оценето. Нашите проценки се дека има 100-120 илјади Роми, сега има 2.66 проценти, но по наше треба бидеме над 7 отсто“, рече Ибраимовски по денешниот состанок на Централното претседателство на ПЦЕР што се одржа во Тетово, на кој доби мандат да ја води партијата уште четири години.
Извор: МИА