Во екот на реакциите на јавноста за нивот на загаден воздух, вообичаена тема за жал само за време на зимските месеци, експертите со нова загрижувачка порака – дека загадениот воздух е една од причините за предверемно породување
Досега годинава регистрирани се 681 предвремено родени бебиња што е значително покачување во однос на лани кога во текот на целата година имало 604 предвремени породувања, информираа од Клиниката за гинекологија и акушерство.
Денеска, кога се одбележува Светскиот ден на предвремено родените бебиња, надлежните во клиниката информираа кои се фактори влијаат на појавата на прееклампсија, предвремено породување.
„Еден од ризик факторите е и бременоста по 35 годишна возраст на мајката. Тоа е така затоа што во таа возраст, кај мајката веќе постојат коморбидитети на некои органи. Но, и загадениот воздух претставува еден од ризик факторите, кои што во текот на бременоста можат да влијаат на предвремено породување. Се повеќе податоци од литературата говорат дека дефинитивно има влијание загадениот воздух, за да дојде до предвремени породувања, при што потоа овие пациентки ќе станат дел од интензивната нега“,
изјави директорката на Клиниката за гинекологија и акушерство д-р Ирена Алексиоска- Папестиев.
Според неа во последните 20 години се забележува континуирано зголемување на случаите на предвремени продоувања од дури до 25 проценти. Тоа е резултат и на зголемување на старосната граница кога жената решава да стане мајка при што кај пет до осум отсто од трудниците може да се појави прееклампсија.
„Од 16 000 пораѓања годишно, кај 800 до 1 280 пациентки има ризик за појава на прееклампсија“,
изјави Алексиоска-Папестиев.