Времето денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи. На повеќе места ќе има појава на невреме со обилен пороен дожд за кратко време (над 30л/м2), грмежи, силен ветер (над 60 км/час) и појава на град.
Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 20, а максималната ќе достигне од 27 до 34 степени. УВ индексот ќе изнесува 6.
Според прогнозите во гостиварскиот регион ќе владее променливо облачно време со услови за обилни врнежи од дожд и грмотевици. Максималната температура ќе достигне 28 степени.