На деветгодишна возраст на австралијанката Деми-Ли Бренан и откажал
црниот дроб по што морало да и биде трансплантиран нов црн дроб. Девет
месеци подоцна, за време на контрола, докторите откриле дека и се
променила крвната група, а имунитетниот систем и се сменил со оној на
донорот.

Причината за ова е тоа што матичните клетки од донираниот црн дроб
мигрирале до коскената с'рж. Сега Деми-Ли има петнаесет години.
Нејзиниот лекар, Мајкл Стормон, го презентирал овој случај низ светот и
никаде не чул за ниеден таков друг случај.
Докторите кои ја лекувале Бренан се интересираат дали овој случај би
имал примена во трансплантната хирургија, каде што отфрлањето на
донираните органи од страна на имунитетниот систем на пациентите е
најголем проблем. Сега нивна задача е да откријат како и дали овој
случај може да се реплицира и кај други пациенти. Докторите велат дека
светиот грал на трансплантната медицина е имунитетна толеранција, а ова
девојче дава пример дека постои. Повеќе можете да прочитате во сториите објавени од PhysOrg, News.com.au и Sky News.