Без никаков сомнеж Северна Кореја е тешко место за живеење. Според проценките на ОН во оваа држава се наоѓаат околу 120 000 политички затвореници во концентрациони кампови каде се прегладнувани, тепани и силувани. Граѓанските права и демократијата во Северна Кореја се потполно стран концепт.
Сепак во една држава која брои повеќе од 24 милиони жители, и понатаму може да се најде миг на среќа наспроти сето она што ги опкружува.
Францускиот фотограф Ерик Лафорж ја посетува Северна Кореја 6 пати, во периодот од 2008та до 2012та и вади прилично дебел албум со фотографии на кои е претставен обичниот Кореец и секојдневниот живот во неговата земја.