Пеги Блак, 52. годишна раководителка во болница, победи на натпреварот на телевизијата FOX и наградата беше нешто за кое повеќето од нас сонуваат: лик во „Симпсонови“.
Пеги Блак, 52. годишна раководителка во болница, победи на натпреварот на телевизијата FOX и наградата беше нешто за кое повеќето од нас сонуваат: лик во „Симпсонови“.
На натпреварот на телевизијата FOX пристигнаа повеќе од 25.000 апликации, но меѓу нив најмногу се издвојувал ликот на Пеги Блек, Рикардо Бомба.
Рикардо Бомба, според Блек, е латино фраер кој ќе донесе шарм и освежување во „Симпсонови“. Тој е лик „кој ќе го сакаат сите жени, а сите мажи ќе сакаат да бидат како него“. Кога се пријавила на натпреварот, таа мислела дека на Спрингфилд му треба нешто како Казанова.
Ликот Рикардо Бомба ќе биде претставен на јавноста на 31 јануари, во епизодата „Million Dollar Maybe“, каде што гостин ќе биде Крис Мартин од „Coldplay“. Во епизодата, Хомер ќе брза да се најде со Марџ на состанок, и го среќава Бомба. Приказната во епизодата ќе биде околу добитен тикет за лотарија. Иако епизодата е речиси завршена, тие оставиле простор за ликот кој ќе победи на натпреварот.
Можно е Бомба да се појави повторно, вели извршниот продуцент Ал Џин, кој помогна при изборот на карактерот. Тој го опишува натпреварот како дел од прославата на серијата за 20 годишното постоење, како благодарност до лојалните фанови.
Рикардо Бомба е јужно-американец „кој работи во нуклеарната централа преку ден, а работи со жените преку ноќ“, опишува FOX.
Иако нема парична награда, за крај таа додава: „Ќе останам бесмртна со тоа што сум креирала лик во „Симпсонови“.