Конечно и Мадона се приклучи на една друштвена мрежа. Од 10-февруари таа има свој профил на „Инстаграм“, на кој секако, веднаш постави фотографија од нејзиното деколте.
Последните неколку години Мадона успешно одолеа да се приклучи на социјалните мрежи како „Фејсбук“ или „Твитер“ за да ја сведе комуникацијата со обожавателите на лично ниво. Меѓутоа, кралицата на поп-музиката конечно „потклекна“ пред една од нив, и на 10.02 направи „Инстаграм“ профил.
Во свој препознатлив стил, 54-годишната музичарка впечатливо го најави нејзиното присуство, со фотографија на која доаѓа до израз нејзиното деколте, и една пцовка.
На првата слика таа гледа во камерата додека пие мартини под која напишала „Cheers motherfuckers! I’m on instagram“.
Втората фотографија под која пејачката напишала дека е „зависна од пот“, е очигледно сликана после напорно вежбање.
За само еден ден Мадона успеа да привлече повеќе од 55 000 следачи.