Неверојатно: И Лас Вегас има своја Венеција

Ако сакате да ја посетите Венеција не мора тоа да биде во Италија. Може да видите нејзина копија и во САД.

The Venetian Resort Hotel Casino се наоѓа во Лас Вегас и во него целосно е доловена атмосферата на Венеција. Не само со градбите и архитектурата туку таму ќе ги најдете и познатите канали и гондоли.

Овој ресорт е отворен во 1999 година и неговата изградба чини 1,5 милијарди долари. За да му се даде на целиот ресорт италијански дух, на неговото отворање присуствувала актерката Софиа Лорен. За време на летото тука се одржува и Венецијански карневал. Во ресортот има и музеј, црква за венчавање, тетар, ноќни клубови, кафулиња, базени, продавници…

Прочитајте и:  „Св. Ѓорги“ и Јени џамија, од денеска се Музеј на христијанско и исламско културно наследство

golema golema1 golema2 golema3 golema4 macau-hotel-venetian-resort-lobby The-Venetian-Macao-Resort-Hotel-Casino 1 2 3 4 5 6

- Реклама -