И дојде преку глава: Меркел ја превзема работата во своите раце

Веќе со недели владата е во хаос поради прашањето со бегалците во Германија, а на Ангела Меркел целата ситуација и дошла преку глава, тврди политичкиот магазин Шпигл.

Angela-Merkel-poseta-Beograd-Aleksandar-Vucic-8-620x350

Германката сака да усвои нов концепт за координација на бегалската помош и шефот на канцеларската служба Петер Алтмаер да го именува за централен партнер за вкупна политичка координација од сите аспекти на актуелната бегалска криза, тврди политичкиот магазин Шпигл.

„Веќе со недели владата е во хаос. Вкупната координација мора да биде поврзана во Канцелариската служба. Тоа е шамар за министрите за внатрешни работи, наведува магазинот со фотографија од Меркел и нејзиниот министер за внатрешни работи Томас де Мезиер.

Tan2015-9-5_224147641_0

„Помошта за бегалците во Германија е лошо организирана и од сите страни стигнуваат критики. Сега доаѓа ново реструктуирање, со предводничка улога на Канцелариската служба. Меркел сака нејзините луѓе да ја имаат оваа одговорност“, пишува магазинот.

- Реклама -