Хутите пресекле четири подводни кабли во регионот, загрозена комуникацијата меѓу Европа и Азија

Успешното сечење на четири кабли, за кои се верува дека припаѓаат на AAE-1, Seacom, EIG и TGN, претставува сериозно нарушување на комуникациите меѓу Европа и Азија.

Израелскиот информативен сајт „Глобс“ во свој екслузивен извештај наведува дека во последните неколку месеци од употреба се повлечени четири подводни комуникациски кабли меѓу Саудиска Арабија и Џибути, а тоа е направено веројатно како резултат на нападите на јеменските бунтовници Хути, кои ја имаат поддршката на Иран.

Најголем дел од непосредната штета ќе ја почуствуваат земјите од Персискиот залив и Индија, наведе „Глобс“.

Кабелот AAE-1 ја поврзува Источна Азија со Европа преку Египет, поврзувајќи ја Кина со Западот преку земји како Пакистан и Катар.

Прочитајте и:  Француската брза железница мета на „координирани акти на саботажа“, непосредно пред отворањето на ОИ

Кабелскиот систем Europe India Gateway (EIG) ја поврзува јужна Европа со Египет, Саудиска Арабија, Џибути, ОАЕ и Индија.

Кабелот Seacom ги поврзува Европа, Африка и Индија и е поврзан со Јужна Африка.

МИА

- Реклама -