Како што пишува српскиот „Kurir“, малиот Кеба нема многу пари па Северина ќе го финансира луксузниот одмор во Турција.
Планот бил да летуваат во Италија, но Северина на крај сепак се одлучила за Турција. Точната дестинација се уште не е позната, бидејќи тој избор го оставила на нејзин пријател кој има туристичка агенција.
Се наведува дека за неа е важно таа, синот Александар и малиот Кеба да бидат опкружени со луксуз, но и тоа да имаат доволно приватност бидејќи не сака некој да објави нејзини слики од летувањето.
Северина и Игор прв пат заедно во Белград
Воопшто не се сомневаме дека Северина сето тоа ќе го направи сама и ќе го поплави својот Инстаграм профил со „селфиња“.
За тазе заљубениот пар да може да ужива во нивната нова врска, пејачката со себе ја носи и дадилката која ќе внимава на Александар.